„ГОЛ“ ФУСТАН ЗА ПРОСЛАВА НА РОДЕНДЕНОТ? Бела Хадид вели – зошто да не

popara12 октомври, 20221min00
Bella-Hadid

Не можеме да негираме дека Бела Хадид доминираше на модните ревии за пролет/лето 2023 година. Од шетање по модните писти на сите значајни дизајнери до затворање на Париската модна недела со футуристички фустан од брендот Coperni, едно е сигурно – манекенката дефинитивно заслужува одмор и прослава, особено што се работи за роденденска прослава.

 Bella Hadid

Бела во неделата го прослави својот 26-ти роденден, а во Њујорк е фотографирана во целосно црна комбинација која привлече погледи. Изгледот се состоеше од црн проѕирен фустан од тантела со долна облека видлива одоздола, винтиџ oversized моторџиска јакна и црни потпетици со сребрени детали. Аутфитот го комплетираше со квадратни очила за сонце и црна кожна чанта со потпис на Амина Муади.

 Bella Hadid

Иако е време за потопла гардероба, стилските конвенции може целосно да се игнорираат за посебни прилики како родендени. Изберете впечатлив, но ненаметлив изглед како Бела и наздравете за уште една година пред вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma