ГОТВАЧКАТА на Здравко Чолиќ откри што најмногу сака да ЈАДЕ пејачот: Најголемата ѕвезда на нашите простори ужива во овие јадења

18 декември, 20220
9b81a7bcf7ad144c3b7cc4543c2355895f482b0d

Сандра Ѓуретиќ работела за семејството на Здравко Чолиќ и нема ништо друго освен пофалби за него

Пејачот Здравко Чолиќ е познат по тоа што луѓето го сметаат за човек од народот. Секогаш е пристапен и фин, а неговите добри манири многумина ги забележуваат. Една од нив е блогерката и готвачка Сандра Ѓуретиќ. Таа имала можност да работи за пејачот, а работела и во ресторан со национална кујна кој Чолиќ често го посетувал.

Таа откри што пејачот најмногу сака да јаде и во каква храна ужива.

– Секогаш нарачуваше домашни јадења кои беа на менито на ресторанот тој ден. Сакаше домашни лепчиња и проја што ја месев. Честопати доаѓаше со семејството, па дури и телефонски нарачуваше храна и доаѓаше само да ја земе. Бидејќи беше ресторан со национална кујна, немаше модерни колачи, но правевме вистинска мрзлива пита, кремпити што ги правеа нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа многу го сакаше – изјави еднаш блогерката и готвачка.

Она што е многу интересно е односот што Здравко го имал со вработените во тој ресторан.

– Беше наш редовен гостин и пред се човек од народот, со светол и ведар дух, секогаш добредојден и насмеан. Секогаш кога доаѓаше во ресторанот, прво одеше во кујната да не поздрави нас кои работиме таму. Никој од познатите не го прави тоа – вели Сандра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi