Кога ќе ја извадите шминката по долг и напорен ден, она што следува е вашата вечерна рутина за нега на кожата. Си го измивте лицето и инстинктивно го избришавте со крпа. Сепак, дали тоа е навистина добро за кожата?
Веројатно сте направиле повеќе штета отколку корист бришејќи го лицето со крпа. Имено, експертите од областа на нега на лице тврдат дека тоа е лошо за нашата кожа, бидејќи се намалува ефикасноста на производите за нега.
Кожата мора да биде влажна (не многу влажна) за правилно да ги искористите сите придобивки од производите што ги нанесувате на кожата. Најдобро е да започнете со нега малку пред целата вода да испари од површината на кожата.
Дополнително, ако го избришете лицето со крпа, сите бактерии кои моментално се на неа ќе завршат на кожата – така што секое отстранување шминка, и производите што ги користите за нега на лицето, ќе бидат бескорисни. Затоа, треба да се „суши“ само со туфери или хигиенски салфетки пред да се нанесат производи за нега на кожа.