Освен што е зачин, рузмаринот можете да го користите и за подобрување на меморијата, а неговото масло за козметички цели
Иако рузмаринот најчесто се користи како зачин во многу јадења, повеќето луѓе не знаат дека има поширока примена, како и дека одлично делува на подобрување на здравјето.
– Рузмаринот е растение кое на старите Грци им било познато по чудесните, делотворни ефекти. Името доаѓа од латинскиот збор ros marinus. Се верува дека во слободен превод значи морска роса.
Рузмаринот има широк спектар на примена, па затоа е незаменлив зачин за многу оброци, а од друга страна има свое место и во природната медицина – наведуваат на Инстаграм профил посветен на споделување стручни здравствени совети.
Како што велат, големиот англиски писател Шекспир го нарекол ова медитеранско растение симбол на меморијата.
Етеричното масло од рузмарин има долга историја на употреба. Интересно е што уште во шеснаесеттиот век, познатиот доктор Парацелзус пишувал за ефектите на рузмаринот врз здравјето, нагласувајќи дека маслото од рузмарин му дава сила на телото. Голем дел од неговите верувања денес се покриени со современите истражувања спроведени на маслото од ова растение.
Маслото од рузмарин се користи во ароматерапијата како одличен стимуланс за концентрација и меморија, против замор, стрес и главоболки, за поттикнување апетит и варење.
Исто така, маслото од рузмарин е одлично и за раст на косата.