ГО КРИЕШЕ СЕКОЕ МОМЧЕ, НО ТОЈ ЈА СВРТИ ГЛАВАТА И СЕ РАЗОТКРИ: Пејачката се бакнува со 11 години постаро момче

popara18 октомври, 20221min00
Billie-Eilish (1)

Една од дефинитивно најголемите ѕвезди на денешницата е младата Били Ајлиш, музичарка која се проби на светската сцена уште кога беше тинејџерка и оттогаш стана музичка сензација. Препознатливиот стил на пеење, но и изгледот ја направија Били инстант ѕвезда, а иако практично порасна под лупата на јавноста, таа секогаш внимателно ја криеше својата љубов.

Имено, оваа 20-годишна пејачка е позната по тоа што мрази да ги открива интимните делови во јавноста, а не сака ни да се фали со своите облини – кои ги покажува само одвреме-навреме. Мистериозната Били овие денови малку беше невнимателна, а дел од нејзиниот превез на тајност што ја опкружува падна и беше откриено дека се бакнува со пејачот кој е 11 години постар од неа, Џеси Радерфорд.

 Billie Eilish s novim dečkom u izlasku

Како што стојат работите, младите биле видени како уживаат во романтичен состанок во италијански ресторан, а еден обожавател ги снимил. Видеото на Били и Џеси се рашири со голема брзина на социјалните мрежи и прво беше објавено на TikTok. Снимено е на настанот Halloween Horror Nights во Лос Анџелес.

„О, Боже, штотуку ја видов Били Ајлиш“, пишува во описот на видеото објавено на TikTok.

 Billie Eilish ljubi 11 godina starijeg muškarca

Инаку, Радерфорд беше во врска со моделот Девон Ли Карлсон од 2015 до 2021 година. Били претходно беше поврзувана со раперот Брендон Кју Адамс и актерот Метју Тајлер Ворс, но таа ниту еднаш не потврди ниту една од тие романси. Ова е првпат Били да се фотографира со маж на романтичен состанок, па се чини дека Џеси ја сврте доволно главата за да ја разоткрие нивната врска.

Очекувано, многу фанови веднаш коментираа дека разликата во годините е преголема, бидејќи 31-годишен маж е целосно формирана личност додека Били штотуку излегла од тинејџерството. Но, што ќе се случи со иднината на нивната врска останува да видиме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma