Експертите се согласуваат дека миењето на лицето со ладна вода позитивно влијае на кожата
Придобивките од ладното миење
Миењето со топла, а особено жешка вода, ги отстранува природните масти од кожата, што предизвикува нејзино сушење, слабеење на нејзината природна заштита и може да стане повеќе склона кон мозолчиња.
Покрај тоа, топлината го стимулира ширењето на крвните садови, па кожата станува поцрвена. Од друга страна, миењето со ладна вода – иако на почетокот изгледа шокантно – е одлично за нашата кожа, бидејќи ја поттикнува циркулацијата на крвта. Истражувањата покажаа дека телото испраќа повеќе крв во оладената област, а подобрата циркулација на крвта носи повеќе воздух и хранливи материи во кожата. Благодарение на тоа, кожата добива здрав сјај, а во исто време подобро се брани од дејството на слободните радикали, нестабилни соединенија кои можат да ја оштетат кожата, а можат да го забрзаат нејзиното стареење. По миењето со ладна вода ќе се зачува природната заштита на кожата.