
Ледената кралица денес е малку заборавена, а нејзините лековити ефекти секако не го заслужуваат тоа.
Растението крес или поточарка е вистинското име на овој дар на природата кој лесно го запоставуваме, а неговите лисја можат да ни помогнат во различни ситуации и значително да ни го подобрат здравјето.
Лекување на засипнатост, забоболка, малаксаност, но и гушавост се само дел од ефектите на крес. Поволно делува на црниот дроб, како и на целосниот дигестивен тракт. Доколку сакате да ги исчистите крвните садови и да го зајакнете имунитетот, ова растение е вистинското решение за вас.
Крес е еден од најздравите зеленчуци на планетата, а Хипократ го користел за лекување на забоболка и болки во грлото. Одредени истражувања покажаа дека ова скапоцено растение содржи повеќе витамин Ц од лимонот и портокалот и повеќе железо од спанаќот.
Исто така, витаминот Е го има во значителни количини, а знаеме дека го нарекуваат и витамин на младоста. Поради високата концентрација на калиум и калциум, ова растение е силен диуретик и помага при слабеење.
Nasturtium officinale е латинското име на кресот, а постојат одредени тврдења дека го спречува растот и размножувањето на бактериите, а на пушачите особено им се препорачува да ги чистат белите дробови.
Крес е добра препорака и за дијабетичари и за луѓе со проблеми со мочниот меур, а е добар и за спречување на рак на простата, лимфни јазли, желудник и дебелото црево.
Расте во вода и покрај вода, а листовите треба да се берат пред цветање додека се помалку горчливи, најдобро е да се јаде како салата со оброк и може да се додаде маслиново масло, кромид, бибер и да се остави да отстои неколку часа за да се ослободат од сите лековити состојки.