По бројните студии поврзани со тоа колку е здраво кафето и како тоа влијае на телото, можеме безбедно да заклучиме дека умереноста, како и кај сите други намирници, е клучна за да се задржат позитивните ефекти на кафето.
Сепак, постои начин да го направите поздравo со додавање на една состојка.
Се работи за кокосово масло. Пред конзумирање, во шолјата додадете малку кокосово масло, колку да собере на врвот на лажичката. Вкусот ќе остане непроменет, но многу ќе влијае на здравствените придобивки од овој пијалок, а еве како:
– На телото му дава енергија, главно поради триглицеридите со среден ланец кои се наоѓаат во самото масло.
– Го намалува воспалението, благодарение на лауринската киселина која се наоѓа во производот
– Го обезбедува телото со здрави масти, релевантни за правилен развој и перформанси на телото
– Ја намалува желбата за нездрава храна, со што се промовира поздраво слабеење!