Го прекинува мамурлакот за 30 СЕКУНДИ – Трик кој помага и носи брзо освежување, олеснете си

popara11 ноември, 20221min00
profimedia-0124583658

Ако некогаш сте се пробудиле со пулсирачка главоболка откако претходната ноќ сте претерале со алкохолот, сигурно сте размислувале за можното решение на таквата непријатна сиутуација која ве снашла.

 

 

 

 

Спооред лекарот д-р Крис Џексон, сѐ што ви е потребно е сад со ладна вода.

 

Доктор Џексон од Тексас на TikTok понуди решение за мамурлак кое стана вирално. Вели дека незгодните симптоми од претераната консумација на алкохол ќе ги решите со потопување на лицето во голем сад полн со ладна вода.

 

„Ако вашето тело не сте го подготвиле за алкохол, ова би можело да ви биде решение“, вели тој во видеото па објаснува дека „пикањето на лицето во мраз ладна вода го активира нуркачкиот рефлекс“.

 

„Тоа го вклучува и делот од вашиот мозок кој е одговорен за варење, што би можело да помогне кај гадењето“, појасни тој и додаде дека лицето треба да го држите под вода 10 до 15 секунди и да нурнете барем три пати.

 

„Помага кај мигрена, вознемиреност, мамурлак и чуда прави“, заклучува д-р Џексон, чија идеја поттикнала околу илјада корисници на оваа социјална мрежа да ја испробаат техниката. Велат дека навистина делува и дека се чувствуваат неверојатно откако го брцнале лицето во ладна вода.

 

Според Healthline, ваквиот третман има и други предности, освен што ни го решава мамурлакот. Наводно може да помогне во намалувањето на отеченоста кај очите, да ја намали појавата на акни, да ги ублажи изгорениците од сонцето, да го намали отокот и воспалението, да ги намали знаците на стареење, да ја зајакне кожата, но и да ги намали анксиозноста и депресијата.

 

@drchrispharmd

How to activate your Diver’s Reflex to help with nausea #duet with @juicyjrock #nausea #nausearelief #drinkingproblem #drinkingchallenge #shotsshotsshots #vegasbaby #partytimewithfriends #sciencefacts #hangovercure #hangoverfree #drinktok #joerogan

♬ original sound – DrChrisPharmD

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma