Го чува здравјето: Зошто секој ден треба да јадете нешто ЛУТО, и кој треба да го избегнува?

popara28 август, 20221min00
Devojka-ljuto-2048x1365

Кога станува збор за зачинетата храна, постојат само два типа на луѓе: оние кои ја избегнуваат и оние кои едноставно ја обожаваат, дури и до претерување.

Покрај тоа што лутите зачини го збогатуваат вкусот на храната, тие можат многу да влијаат на човечкото тело.

Истражувањата велат дека лутите пиперки, на пример, можат да го намалат ризикот од развој на одредени болести. Покрај тоа, тие се ефикасно средство во борбата против стомачните проблеми и ја спречуваат дебелината.

Лутите зачини даваат и одлична заштита од габи, вируси и одредени видови бактерии.

На научниот собир на Американското здружение за срце, кој се одржа во 2020 година, беа објавени резултати од студија која вели дека редовното консумирање на зачинета храна може значително да го намали ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања, како и некои видови на рак. Во студијата учествуваа повеќе од 570.000 луѓе од САД, Италија, Кина и Иран.

Анализата покажала дека испитаниците кои користеле лута пиперка во исхраната го намалиле ризикот од срцеви заболувања за 26 отсто и рак за 23 отсто. Некои експерти ги советуваат луѓето кои се борат со кардиоваскуларни проблеми да консумираат умерено зачинета храна која ја зајакнува циркулацијата и на тој начин спречува затнување на крвните садови, што може да доведе до мозочни и срцеви удари.

Употребата на капсаицинот, една од главните хранливи состојки во зачинетата храна и зачините, го зголемува чувството на ситост, а влијае и на побрзо трошење на масти и калории. Се верува дека капсаицинот може да ја зголеми потрошувачката на енергија и да влијае на разградувањето на мастите, што доведува до губење на тежината и спречување на дебелина.

Според некои истражувања, топлите зачини можат да бидат ефективни и кога станува збор за борба против респираторните инфекции, како што се синузитис и астма. Се верува дека капсаицинот го зголемува лачењето на течности во респираторниот тракт, што го олеснува исфрлањето на слузта.

Но, тоа не значи дека треба да се претера со зачинетата храна, бидејќи во големи количини може да има контраефект и непријатни нуспојави. Покрај тоа, зачинетата храна не се препорачува за луѓе кои се борат со проблеми со горниот дел од гастроинтестиналниот тракт. Експертите ги советуваат луѓето кои страдаат од ГЕРБ, гастритис и дуоденален улкус да ја прескокнуваат зачинетата храна.

Бидејќи лутите зачини го поттикнуваат лачењето на желудочната киселина, нивната употреба не се препорачува за луѓе со чир, бидејќи може да ја влошат состојбата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma