Грешка при туширањето што ја прават многу луѓе: Дали сте и вие во заблуда?

popara7 ноември, 20221min00
Screenshot_4

Дали треба да се тушираме секој ден или да се потсетиме на пораката на Наполеон до Џозефина: „Не бањај се, за една недела сум дома?“ Луѓето главно се бањаат или тушираат секојдневно. Две третини од Американците се тушираат секој ден, во Австралија тоа го прават 80 отсто од жителите, но во Кина половина од популацијата се бања само двапати неделно.

 

 

 

Дали некогаш сте се запрашале зошто се бањате секој ден? За многу луѓе тоа е повеќе обичај и општествена норма отколку нешто што се прави за здравје. Можеби поради тоа обичаите за бањање варираат од земја до земја. Освен што секојдневното бањање создава здрава навика кај луѓето, многумина одбираат да се тушираат секојдневно бидејќи се грижат за нивната телесна миризба, бидејќи водата им помага да се разбудат, бидејќи наутро вежбаат, па потоа мора да се истушираат итн.

 

Она што се смета за прифатливо во однос на бањањето варира од култура до култура. А на навиките може да влијае и маркетингот. Нема причина косата да ја миете двапати, но ако сите го следат упатството, се продава двојно повеќе шампон. Кога станува збор за грижата за здравјето, не е јасно дали со секојдневното бањање се постигнува нешто. А може да биде и полошо.

 

Нормалната и здрава кожа одржува рамнотежа меѓу добрите бактерии и другите микроорганизми. Со бањањето ние го отстрануваме тој слој, особено ако водата е топла. Кожата може да стане сува и надразнета и да ве чеша. Сувата и испукана кожа им овозможува на бактериите и алергените да ја нарушат браната што кожата ја претставува за организмот, па се јавуваат кожни инфекции и алергиски реакции.

 

Антибактериските сапуни ги убиваат нормалните бактерии. Со тоа се нарушува рамнотежата на микроорганизмите на кожата и се поттикнува појава на поотпорни, помалку пријателски организми, резистентни на антибиотици. Честите туширања можат да ја намалат способноста на имунолошкиот систем да си ја работи работата. Некои експерти, кои заговараат поретко бањање, сугерираат дека водата може да содржи соли, тешки метали, хлор, флуор, пестициди и други хемикалии, а тоа може да ни создаде проблеми.

 

Иако не постои идеална препорака за тоа колку често треба да се бањаме, експертите сметаат дека туширањето неколку пати неделно е доволно за повеќето луѓе, освен ако немате други причини да го правите тоа почесто. Кратко туширање од 3-4 минути со фокус на пазувите и слабините би требало да е доволно. Сепак, тешко дека можете да го избегнете секојдневното туширање. Но, ако тоа сакате да го правите за вашето здравје, можеби тоа е навика која вреди малку да се промени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma