
Лукот е незаменлив додаток на многу јадења
Тој е една од омилените намирници на луѓето од овие простори, поради што многумина го додаваат во различни јадења. Но, главното правило кое секогаш треба да го имате на ум е дека лукот се додава кон крајот на подготовката на јадењето.
Пржењето лук на самиот почеток на подготовката се претпочита кога се подготвуваат мал број јадења, како што е спанаќот. Но, и тогаш не смеете да ставате лук во врело масло бидејќи многу брзо ќе изгори. Така станува горчлив и тешко сварлив.
Температурата долго се одржува на високо ниво во тавче со подебело дно, па кога додавате лук, тавчето тргнете го од шпоретот штом лукот порумени.
Лукот е моќна намирница која може да помогне при слабеење, а има и лековити својства.