Многу луѓе го сакаат грчкиот јогурт поради неговиот вкус и хранлива вредност, но помалку е познато дека овој производ е одличен за нега и убавина.
Многу козметички компании додаваат некои состојки од овој јогурт во составот на нивните препарати. За да изгледате посвежо, искористете ги сите благодети на овој млечен производ.
Го подобрува сјајот на кожата
Богат е со пробиотици, кои можат да го намалат воспалението на кожата со мозолчиња и да го смират црвенилото. За да ја смирите кожата, нанесете слој грчки јогурт на лицето и оставете го десет минути, како што правите со маската. Потоа исплакнете со топла вода и лесно избришете го лицето со мека крпа.
Ги отстранува мртвите клетки од кожата
Овој јогурт содржи и лактоза киселина, која е добра за отстранување на мртвите клетки од кожата. Покрај тоа, содржи некои својства против стареење, а во исто време го промовира обновувањето на клетките на кожата. Дерматолозите препорачуваат наутро да го исчистите лицето со малку јогурт измешан со вода.
Ја обновува оштетената коса и нокти
Кога се консумира редовно, грчкиот јогурт ви помага да имате поцврсти коса и нокти. Но, веројатно не знаете дека можете да го нанесете и директно на вашата коса и на тој начин да го подобрите нејзиниот квалитет. Во шолја измешајте две лажици грчки јогурт, една лажица мед, четвртина лажица кокосово масло и нанесете на краевите. Оставете да отстои 15 до 20 минути и исплакнете.
Го ублажува чешањето на скалпот
Тој е одлично решение против првут и чешање, бидејќи содржи ензими кои ги потиснуваат иритациите. Рецепт за маска против првут: измешајте четвртина шолја јогурт со четвртина масло од јојоба и масирајте во скалпот. Ставете капа за капење, оставете десет минути до половина час и потоа исплакнете.