Дали гледате тигар или мајмун? Она што прво го забележувате открива која хемисфера од мозокот ви е подоминантна

popara22 април, 20221min00
opticka-iluzija-2-830x0

Добро фокусирајте се на илустрацијата пред вас

Експертите веруваат дека начинот на кој ги гледаме работите зависи од тоа како нашиот мозок ги толкува информациите, додека други докажаа дека личноста е директно поврзана со начинот на кој мозокот е структуриран и како функционира.

Со други зборови, начинот на кој ги гледаме работите може да открие делови од нашата вродена личност, а оваа оптичка илузија може да ви помогне во тоа.

На илустрацијата се прикажани мајмун и тигар, а на вас останува да видите кое животно прво ќе го забележите. Според авторот на оптичката илузија, животното што прво го гледате открива која хемисфера од мозокот е подоминантна во вашиот случај.

  1. Тигар

Левата хемисфера на вашиот мозок е поактивна од десната. Вие сте рационални, разумни, добро организирани, реални и знаете како да ги постигнете своите цели преку практични постапки. Кога ќе се соочите со проблем, се обидувате веднаш да го решите.

Живеете во реален свет, каде што нема место за бајки и фантазија. Слично на тоа, колку и да им изгледаат недостижни вашите цели на другите, знаете дека тие се реални и дека ќе ги постигнете.

  1. Мајмун

Десната хемисфера на вашиот мозок е поактивна. Вие сте креативна личност полна со иновативни идеи. Кога се соочувате со проблем, повеќе се потпирате на интуицијата отколку на критичкото размислување.

Сонувате за слободен живот, а не за цели и се трудите да ги остварите тие соништа, честопати успевајќи.

Двете хемисфери на мозокот не работат изолирано, туку работат заедно и се надополнуваат. Значи, иако ви се чини дека поседувате повеќе особини кои можат да се поистоветат со една од хемисферите, сигурно ќе поседувате и особини кои се карактеристични за другата хемисфера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma