Елвис Присли почина пред 45 години, но неговата смрт се уште се смета за една од најпознатите мистерии на светот. „Кралот на рокенролот“, како што го нарекувале, живеел турбулентен живот и многумина мислат дека си пресудил сам на себе, со долгорочна злоупотреба на супстанции.
Но, книгата „Elvis: Destined to Die Young“ фрли нова светлина врз неговата состојба и здравствените проблеми кои дотогаш не беа познати, а повеќето од нив беа предизвикани од фактот дека неговите баба и дедо биле крвно поврзани, што довело до фатални комбинации на генетски нарушувања. .
Бабата и дедото, од страна на мајка му на Елвис биле братучеди, а тројца од неговите вујковци починале млади, според авторката Сали Худел.
– „Не случајно мајка му почина на само 46 години, а тој на само 42 години. Тие имале сличен период од неколку години во кој нивното здравје брзо се влошувало, но земале и различни лекови. Елвис имал сериозни болести и нарушувања на дури девет од 11 системи во телото. Пет од тие проблеми биле вродени“ – објаснува таа.
Елвис повеќето луѓе не го гледаа како обично човечко суштество, туку низ призмата на неговото уметничко наследство и начин на живот, поради што многумина само го додаваат на листата на оние кои живееле брзо, создавале уште побрзо, а потоа се „исклучиле“ поради турбулентниот начин на живот.
– „Не можеме да кажеме Елвис беше само рокер, кој умре од премногу апчиња во неговата бања. Тој бил болен човек, а криел дека е болен за да го издржува своето семејство со кое имал посебен однос. Во моментот на смртта тој издржувал околу стотина луѓе со кои бил во роднинска врска, а сите живееле на ранчот Грејсленд“ – објаснува Худел.
Склучувањето бракови меѓу членови на семејството во тоа време не било толку необично. Многумина се решавале на тој чекор затоа што биле сиромашни, немало девојчиња и момчиња во непосредна близина, а не се знаело доволно за тоа дека вкрстувањето на истиот генетски материјал може да предизвика здравствени проблеми кај следните генерации.
– „Елвис бил генетски предодреден да има проблеми со белите дробови и бубрезите, потоа проблеми со дебелото црево, сериозна закана за неговиот имунитет и несоница која го следела цел живот. Некои од тие состојби погрешно се припишуваат на злоупотреба на опојни материи“ – вели авторот на книгата, која крена многу прашина.
Лекарот на Елвис, д-р Џорџ „Ник“ Николопулос, се обидел на убедување на пејачот да го лекува со „се и сешто“ за да ги прикрие овие здравствени проблеми. Му давал лекови, опијати и се обидел да му помогне светот да не види колку е лошо неговото тело. Нивниот однос траел со години и набрзо линијата пациент, лекар и пријател била надмината.
– „Да, Елвис пиел многу лекови. А многумина мислат дека тој само сакал „да се поправи“. Но, никој не размислува зошто почнал да ги зема. Цел живот чувствувал физичка болка. Знаел дека е болен, знаел дека не може повеќе, но знаел и дека мора да продолжи поради сите луѓе кои зависат од него“ – изјави таа.
– „Елвис не беше наркоман кој се обидуваше да избега од реалноста. Туку, личност која се труди да остане во реалноста и да функционира во неа. Но, тоа е тешка борба за живот низ сиромаштија, неверојатен успех и страшни здравствени проблеми“ – објаснува Худел
КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА?
Присли е пронајден мртов на подот во бањата, во многу необична положба. Очевидци опишале дека изгледал како да седи на тоалетот, а потоа се „замрзнал“ и се струполил на подот во истата положба. Предозирање со наркотици, неофицијално се наведе како причина за смртта, сè додека извештајот од обдукцијата не беше отпечатен во 1994 година. Експертите кои го прегледале констатирале дека починал од масивен срцев удар, дека боледувал од несоница, дијабетес, глауком и хроничен запек. Како причина за смртта бил споменат и маневрот Валсалва, односно огромен напор при празнење на цревата што доведува до срцев удар.
Само неколку години подоцна, во 2013 година, беше анализиран примерокот на ДНК на „кралот на рокенролот“. Откриено е дека тој имал генски варијации кои водат до дебелина, мигрена и глауком. Една од варијациите е поврзана и со болести на срцевиот мускул, хипертропна кардиомиопатија, која без јасна причина доведува до згуснување и отежната работа на срцевиот мускул.