„Дали е тоа твојата внука?“ Популарниот актер ја вери 40 години помладата девојка, социјалните мрежи ГОРАТ од НАВРЕДЛИВИ коментари

popara9 јануари, 20221min00
Screenshot_6

Долф Лундгрен (64), кој остана запаметен по улогата на Иван Драго во филмот „Роки 4“, изненади многумина кога на социјалните мрежи им ги честиташе празниците со својата партнерка – фитнес инструкторката Ема Крокдал (25)

 

Актерот пред извесно време ја верил Ема, а јавноста тогаш била шокирана, бидејќи таа е дури 39 години помлада од него.

 

Во јули 2020 година, актерот сподели фотографија на својот Инстаграм каде ја прегрнува Ема, а таа  ја покажува раката со прстенот: „Нешто многу посебно се случи овде во Шведска“, напиша тогаш тој, пишува Superwoman.

 

Нивната врска до ден-денес останува мистерија, а јавноста често ја критикува фитнес инструкторката дека потсетува на постарата ќерка на Долф, Ајда: „Изгледаат како татко и ќерка, а што е уште полошо, таа личи на неговите ќерки“, е чест коментар на мрежите.

 

И покрај потсмевните коментари за неговата избраничка, Долф тврди дека неговите ќерки ја прифатиле Ема:

 

– Нашата врска полека се развиваше, не брзавме, си дадовме време да се запознаеме пред да почнеме да живееме заедно. Што се однесува до разликата во години, бев свесен дека би било малку чудно, можеби и срамно, да им кажам на моите ќерки Ајда (24) и Грета (20) за Ема. Но, за среќа, тие се емотивно многу зрели девојки и веднаш ја прифатија. Ако сум јас среќен, така се и тие среќни – изјави неодамна Долф.

Исто така, на последните слики разликата во години е повеќе од очигледна, па некои следбеници го прашаа дали Ема му е внука?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma