Џеки Чен има и сериозна музичка кариера
Џеки Чен го знаеме како актерска ѕвезда и кунг фу мајстор. Покрај тоа, тој има уште еден талент, а тоа е пеењето.
Имено, Џеки Чен како дете земал часови по пеење додека бил во операта во Пекинг. Посериозно почнал да се занимава со музика на 18 години, кога почнал да издава албуми. Во младоста, тој бил успешен пејач во Хонг Конг и Азија, а пеел на кинески, јапонски, англиски и други јазици.
Она што е интересно е што од 1984 година досега има издадено 20 албуми. Џеки Чен често пее тематски песни од неговите филмови.
Неговата прва музичка снимка беше „Kung Fu Fighting Man“, тематска песна од филмот „The Young Master“ (1980). Џеки Чен и денес сака да го фати микрофонот, а нешто пее на кинески, но и на англиски.
Да се потсетиме како го испеа хитот „Цел нов свет“ од цртаниот филм „Аладин“: