Дали знаете ЗОШТО ФАРМЕРКИТЕ СЕ СИНИ: Не е случајно, а причината е многу интересна

popara16 јуни, 20221min00
4797ed95eac9558b2814e1a2cf38975e7b1976af

Веројатно не сте знаеле зошто фармерките се главно сини.

Стиловите на фармерки можат да доаѓаат и да си одат, но некои карактеристики останаа константни во текот на децениите. Без разлика дали се тесни или многу широки, повеќето фармерки се направени од син тексас.

Сината може да изгледа како чуден избор за пар панталони/фармерки кои многу луѓе ги носат секој ден, но има добра причина зошто стана стандард.

Сината била стандардна боја за тексас и пред Леви Штраус да ги патентира работните панталони во 1873 година.

Штраус бил баварски трговец кој живеел во Сан Франциско, а заедно со кројачот Џејкоб Дејвис патентирал фармерки со бакарни копчиња (заковки) како засилување. Фармерките тогаш почнале да ги носат работниците и земјоделците. Коренот на англискиот збор „џинс“ лежи во францускиот израз на зборот користен во 16 век: „blue de Genes“.

Кога се изложени на топла вода, повеќето бои ќе навлезат во ткаенината и ќе се зацврстат во влакната. Ова не е случај со индиго. Индиго се лепи за надворешната страна на влакната, а во топла вода бојата постепено избледува наместо да навлезе подлабоко во материјалот. Додека индигото се плакне, со себе носи мали количини конец.

Сината боја е избрана поради хемиските својства на самата боја. Природната индиго сина боја која се користела на првите фармерки избледувала со секое перење, па на крајот фармерките го добиле изгледот кој е популарен и денес.

Овој исход би бил непожелен со понежни парчиња облека, но функционира совршено за тексасот.

Материјалот е толку крут за почеток што губењето на некои влакна нема да го уништи. Наместо тоа, неколку топли перења и даваат на ткаенината помеко, истрошено чувство кое многу луѓе го сакаат на нивните омилени фармерки. Бидејќи старите сини фармерки остануваат цврсти дури и кога се поудобни, тие биле омилени панталони на многу работници во 19 век.

Повеќето фармерки денес се направени од синтетичка индиго боја, а сепак се направени за да бидат помеки колку подолго ги носите. Доброто миење може да помогне да се „скрши“ цврстиот тексас, односно тексас ткаенина.

Фармерките кои се носени неколку месеци пред првото перење бледнеат помалку рамномерно од фармерките кои веднаш биле исперени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag