Дали знаете КОГА да користите ПРАШОК, ТЕЧЕН ДЕТЕРГЕНТ или КАПСУЛИ? Има ПРАВИЛО!

popara25 септември, 20221min00
514968_d_f

Предноста на капсулите е можноста за многу прецизно дозирање – не можете да ставите премногу или премалку детергент во машината…

Секој детергент делува на начин што ја раствора нечистотијата што ја врзува за себе и ја отстранува од алиштата со помош на вода. Но, различните видови детергенти имаат различни приоритети, а најважно е отстранувањето на тврдоглавите дамки, задржувањето на бојата и практичноста.

Прашок за перење

Иако овој тип на детергент за перење не е толку „тренди“ како другите два вида, сепак доминира на пазарот. Посебно му се верува за многу валкани алишта, а неговата ефикасност не се намалува дури и со половина наполнета машина за перење. Посоодветен е за тврда вода отколку течниот детергент и содржи активатори за белење кои не можат да се користат во течната верзија.

Течен детергент

Сè поголем број на брендови за течни детергенти, исто така, нудат апликатор за детергент на самата дланка во нивното пакување, што ги прави одлични сојузници за насочено отстранување на дамки.

Многу луѓе го избираат кога сакаат да ја „освежат“ облеката, да перат црни алишта или онаа со нагласени бои за кои се наменети специјализирани течни детергенти. Повеќето течни детергенти за бели алишта се со сина боја поради синиот пигмент одговорен за побелиот изглед на ткаенината. Но, токму поради состојките кои ја зачувуваат бојата во ткаенината, таа често го „губи“ мирисот. Многумина ја истакнуваат нееколошката пластична амбалажа како недостаток на оваа форма на детергент.

Детергент во форма на капсули

Детергентот во форма на капсули за растворање овозможува конзистентност во дозирањето, па затоа е невозможно да се стави премалку или премногу детергент. Најголемата лоша страна на овие меки, атрактивни обоени перничиња е тоа што им се допаѓаат на најмладите, кои може да ги помешаат со бонбони. Затоа, ако имате љубопитно дете, дефинитивно чувајте го овој детергент подалеку од нивниот дофат.

Со цел капсулата да биде што е можно поефективна, ставете ја во барабанот пред да го наполните со алишта. На овој начин правилно ќе се раствори и нема да има можност да остави бели дамки на облеката. Како по правило, една капсула е доволна за наполнет барабан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma