Дали знаете кога е најдобро да ја испиете последната чаша вода?

popara30 јули, 20221min00
62349468-pidzama-voda-zena

Дали имате навика да пиете чаша вода пред спиење? Многумина од нас ја имаат, и иако пиењето доволно количество вода е многу важно за нашето здравје, експертите за спиење веруваат дека чашата што ја пиеме непосредно пред спиење, може да му наштети на нашиот организам.

Експертот за спиење и психолог, Иева Кубилјуте, вели дека ги советува своите клиенти да престанат да пијат вода два часа пред спиење, за да не го прекинат циклусот на спиење.

Имено, пиењето чаша вода непосредно пред спиење ја зголемува веројатноста за прекумерна хидратација, што може да има долгорочни последици на сонот. Вишокот течност во телото може да доведе до потреба од одење во тоалет во текот на ноќта, што ќе го прекине вашиот циклус на спиење и негативно ќе влијае на квалитетот на вашиот сон.

Ако прекинатиот сон стане константа во вашиот живот, може да развиете лишување од сон.

А експертот за спиење, Семи Марго, истакнува дека главниот недостаток на пиење вода пред спиење е тоа што најверојатно ќе се разбудиме среде ноќ. Ова може да предизвика нарушувања на спиењето кои потоа може да имаат последици врз нашето здравје и начин на живот.

Секако, важно е да останете хидрирани, но внимавајте и на времето кога ќе ја испиете последната чаша вода пред спиење. Овде треба да се земе предвид фактот дека не сме сите исти, па мора да одредите оптимална количина на вода и време за вас.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma