Дали имате утрински секс? Еве ги сите позитивни последици што ги носи на врската…

popara14 декември, 20221min00
Screenshot_5

Кога сте во можност, започнете го денот со секс за добро утро и осигурајте се дека часовите кои ви претстојат ќе ви бидат многу подобри.

 

 

 

 

Ова се десет одлични придобивки од утринскиот секс кои можеби не сте ги знаеле:

 

Веќе сте во кревет

А кога сте веќе тука… Емили Морс, експерт за сексуалност и автор на поткастот „Секс со Емили“, тврди дека вашиот партнер речиси сигурно нема да одбие секс кога веќе сте заедно во креветот.

 

Инстантно го подобрува расположението

Заблагодарете се на ендорфините и другите хормони кои се лачат за време на сексот и за приливот на енергија што ќе го чувствувате во текот на денот.

 

Против болка и стрес

Веќе споменатиот ендорфин по природа е сличен на ибупрофен, лек против мигрена и други болки. Зошто да не се ослободите од непријатноста и да уживате во денот?

 

Пред да го започнете бурниот ден на работа, дозволете вашите утрински активности во креветот да ви го ублажат стресот.

 

Посилна врска

Сексот произведува хормон окситоцин, кој пак создава чувство на топлина и поголема поврзаност со вашиот партнер.

 

Без лаги, без маски

Утринскиот секс е „поранлив“ и поинтимен од ноќниот секс. Без шминка и на дневна светлина, во вашето утринско издание му се покажувате на партнерот токму онакви какви што сте.

 

Секси време за вас пред да се разбудат децата

Ако имате деца, утринскиот секс во период пред да се разбудат и да започне работниот и училишниот ден, е одлична идеја. Имате време да бидете интимни со партнерот без страв дека некој ќе ви налета.

 

Не сте уморни

Можеби не сте најенергични неколку моменти откако ќе ги отворите очите наутро, но сигурно сте повеќе одморени отколку после долгиот работен ден.

 

Имунитетот ќе ви биде благодарен

Дали знаевте дека сексот го зајакнува вашиот имунолошки систем со производство на антитела во различни делови од вашето тело?

 

Природен сјај и подобар сон

Естрогенот што се лачи за време на сексот го подобрува тонот и текстурата на вашата кожа и коса, на овој начин можеби ќе можете да прескокнете некој чекор од вашата утринска рутина на кожата.

 

Навечер, окситоцинот и мелатонинот му помагаат на вашето тело да заспие побрзо без стрес.

 

Подобри когнитивни функции

Еден од начините да си обезбедите добра меморија во текот на денот е токму утринскиот секс.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma