Дали луѓето со висок крвен притисок можат да пијат кафе?

popara18 мај, 20221min00
Screenshot_6

Иако нашироко се верува дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое потврдува дека тоа е вистина.

 

 

Експертите од Германската фондација за срце велат дека можете без страв да пиете најмалку четири шолји дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензијата.

 

Кафето може накратко да го подигне крвниот притисок бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и го забрзува отчукувањата на срцето, но тоа најчесто се случува доколку не сте навикнати на кофеин.

 

Покачувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе. Овој ефект се јавува по редовно пиење кафе една до две недели, се вели во соопштението на Германската фондација за срце.

 

Ова важи и за зелениот и црниот чај, со оглед на тоа што и тие се стимуланси.

 

Сепак, треба да се обидете да се ограничите на пиење максимум 400 милиграми кофеин дневно доколку размислувате за здравјето на срцето, вели Германската фондација за срце.

 

Тоа е повеќе отколку што веројатно ќе пијат повеќето луѓе – околу четири до пет шолји филтер кафе на ден.

 

Ако навистина планирате да го измерите вашиот крвен притисок, направете го тоа пред или околу 30 минути по пиењето кафе за да бидете сигурни дека тоа нема да влијае на вашите мерења.

 

Во меѓувреме, обидете се да ги избегнувате апчињата со кофеин, советува Германската фондација за срце, со оглед на тоа дека тие можат негативно да влијаат на крвниот притисок.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag