Дали некогаш сте се обиделе да ставите сребрен кармин? Ако не, ова лето е вистинската можност за тоа (ФОТО)

popara29 јуни, 20221min00
5d848add99f85bc7347b69880e0d58a66a309f34

Погледнете колку добро може да изгледа овој необичен кармин

Порано беа прифатливи само кармини во розови, црвени и неутрални нијанси. Сепак, сега е време за експериментирање.

Металик боите беа наменети за моделиte и ретко која припадничка на понежниот пол има храброст да изнесе сребрена боја на усните. Сепак, овие кармини се хит летово, па ова е вистинската прилика да видите дали убаво ви стојат и да ги прошетате низ градот.

Можете да го носите навечер кога излегувате, а погоден е и за секојдневна употреба, но тогаш мора да го ставате во помали количини. Ќе изгледате како припадничка на високата мода, а овој храбар потег ќе ве стави во центарот на вниманието каде и да се појавите.

Овие нијанси повеќе не се скапи и се многу достапни. Металик нијансите ќе ги истакнат вашите усни и тие ќе бидат во преден план. Доколку не знаете што да облечете, со сребрен кармин ќе ви биде доволен само мал црн фустан, кој сигурно го имате во вашиот плакар.