Дали НОКТИТЕ ви растат брзо или бавно? Ако ја забележите ОВАА промена, јавете се на лекар!

popara18 јуни, 20221min00
nokti-1 (1)

Косата и ноктите се чести показатели дали се е во ред со телото.

Така, белите промени на ноктите укажуваат дека на телото му се потребни витамини и минерали, додека честиот првут може да биде симптом на насобрани токсини во телото.

Сепак, што друго може да се види на ноктите?

Симптомите на слаба циркулација обично се појавуваат на стапалата бидејќи протокот на крв е блокиран. Токму овој здравствен проблем влијае на должината на ноктите на вашите стапала, поради што е важно да внимавате колку брзо ви растат ноктите.

Според експертите од клиниката Мајо, една од карактеристиките на периферната артериска болест е „забавен раст на ноктите“.

– Проблемот со периферната циркулација може да доведе до болни грчеви во мускулите на листовите по интензивни активности, но и по долго одење или качување по скали – велат научниците.

Ногата може да се вкочани и да има чувство на слабост во неа, а потколеницата и стапалото да станат ладни. Поради недоволен проток на крв, бојата на нозете може да се промени.

Исто така, слабата циркулација може да доведе до губење на косата или бавен раст на влакната на нозете.

Експертите исто така спомнаа кои фактори ги зголемуваат шансите за развој на периферна артериска болест:

1. Пушење
2. Дијабетес
3. Дебелина
4. Висок крвен притисок
5. Висок холестерол
6. Возраст над 65 години

– Луѓето кои пушат или имаат дијабетес се изложени на најголем ризик од развој на периферни артериски заболувања поради намалениот проток на крв – велат експертите од клиниката Мајо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag