Како што истакнува познатата креативна директорка во Bvlgari Parfumes, Амандин Палез, не постојат апсолутни правила кога станува збор за рокот на траење на парфемите.
Според нејзиното мислење, нема животен век на парфемот, тој во основа зависи од супстанциите што ги содржи.
Таа посочува и дека по мирисот можеме да забележиме дали на парфемот му поминал рокот.
„Парфемот со истечен рок има тенденција да оксидира и да стане киселкаст“, објаснува таа.
Време е да го фрлите вашиот парфем ако веќе не го препознавате мирисот за кој сте го купиле.
Уште еден важен индикатор може да биде бојата, т.е. обично има жолтеникава боја.
Ако го забележите тоа, веднаш ослободете се од шишето.
Експертите советуваат дека периодот во кој треба да го потрошите парфемот е обично три години.