Доколку често нанесувате гел или гел-лак, овој совет ќе ви биде корисен.
Многу дами сакаат да ја препуштат грижата за своите нокти на професионалните маникири, нанесувајќи гел или гел-лак. Меѓутоа, бидејќи овој вид на нега бара употреба на UV/LED ламби, тоа може негативно да влијае на вашите нокти, што го истакна дерматологот Адел, која има повеќе од 233.000 следбеници на нејзиниот профил на TikTok:
– Еве што треба да знаете – започнала докторката во видеото, а потоа забележала дека „УВ зраците од ламбата го забрзуваат стареењето“. Ако сепак сакате да продолжите да одите на маникир, нејзиниот совет е претходно да нанесете крема за сончање.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Исто така, ако сакате да ги лакирате ноктите во црвено, д-р Адел има вести што веројатно нема да ви се допаднат:
– Црвениот лак може да доведе до промена на бојата на ноктот, односно ноктите од него лесно пожолтуваат – вели докторката.
За да го избегнете ова, советот е да нанесете дополнителен слој подлога за нокти пред црвениот лак.