Дали претера? Памела Андерсон во проѕирен фустан украсен со пердуви (ФОТО)

popara12 декември, 20221min00
6a422335d4ca143db279dcd8b6370fdedaeb3030

Памела Андерсон едноставно сака да привлекува внимание и да го носи она што ѝ се допаѓа

Во 90-тите, Памела Андерсон се сметаше за симбол на убавината. Ја паметиме по улогата во серијата „Чувари на плажата“ и бројните екстравагантни изданија во кои се појавуваше на црвените килими.

Памела сега повтори еден таков изглед, појавувајќи се на модна ревија во Париз. Таа носи полупроѕирна бела блуза и долго здолниште со шлиц на едната страна, а на главата има огромен шешир со пердуви кои допираат до нејзиното лице, па тешко е да се препознае.

Актерката покажа дека изгледа одлично и во шестата деценија. Сепак, нејзиниот избор на стајлинг ги дели луѓето на оние на кои им се допаѓа ваков вид на екстраваганција и оние на кои сепак не им се допаѓа. Памела секако знае како да го изнесе овој изглед, а прашање е дали претерала со деталите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma