Селена Гомез е фотографирана на ручек со мистериозен маж, а сите се прашуваат дали ова е нејзиното ново момче.
Имено, пејачката и актерка Селена Гомез ручала во луксузниот ресторан Нобу во Малибу, Калифорнија. Сепак, таа не беше сама, друштво и правеше мистериозен, насмеан маж во црна маица.
Тие заедно го напуштиле ресторанот, а Селена очигледно била расположена.
Се уште не е познато дали 30-годишната пејачка си најде ново момче или пријател, но на социјалните мрежи веќе кружат коментари.
„Мудро, најде анонимен тип“, „Овој човек не ми изгледа како нејзин тип“, „Слатки се заедно“, „Нема шанси ова да е момчето на Селена“, се само дел од спротивставените коментари од фановите.