Дали сами ги средувате веѓите? Следете ги овие чекори и ќе ги обликувате како професионалец

popara15 декември, 20221min00
676

Многу жени се мачат со веѓите. Некои ги чупаат секојдневно, а многумина не знаат ни како правилно да ги средат

Оние кои имаат повеќе време, најчесто работата ја доверуваат на козметичар, а оние кои биле „сам свој мајстор“ и ги уништиле, на крајот одат на јапонско цртање или тетовирање на веѓите.

Ако сте една од оние жени кои имаат потполно природни веѓи, тогаш знаете кога им е време за средување. Па, што ќе направите?

Претпоставуваме дека ќе земете огледало кое зголемува или ќе се доближите до класичното огледало во бањата, односно каде што светлината е совршена и каде јасно се гледа секое влакно.

Прв чекор – оставете го го огледалото кое зголемува

Покрај оние влакна кои навистина треба да ги извадите, ќе ги изввидите и оние кои допрва треба да израснат, а знаете што значи тоа – нервирање и влечење на кожата додека не дојдете до влакното кое едвај штрчи. Ова може да доведе до болни, црвени рани и поткожни влакна.

Што навистина треба да направите?

Оддалечете се од (нормалното) огледало и погледнете го целото лице. Така јасно ќе видите што треба, а што не треба да има во пределот на веѓите.

Влакната кои се „подготвени“ за кубење ќе се отстранат само со еден потег, додека другите, кои не можете така лесно да ги искубете, треба да ги оставите уште некое време.

Реално, никој нема да ги забележи вашите неколку влакна, кои всушност само вие ги гледате. Не би било лоша идејата да го испарите лицето или да ги искубете по капењето, бидејќи пареата и топлата вода ќе ги отворат порите, што ќе го олесни целиот процес.

Немојте да бидете нервозни, а ако немате нерви сами да ги кубете веѓите – козметичарите секогаш ви стојат на располагање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma