Дали со БРИЧЕЊЕ влакната растат побрзо? Експертите открија дали ова е ВИСТИНА или МИТ

popara26 јули, 20221min00
104_zena-brija-noge-freepik_f

Еве ја вистината

Во денешно време постојат многу начини за отстранување на влакната од телото, но многу жени сепак се одлучуваат за класичниот брич.

Сите ја знаат теоријата дека по бричењето влакната стануваат темни и густи, брзо растат и стануваат побројни. Сепак, експертите ја кажаа вистината за ова.

Тоа е мит!

– Ако беше вистина, секој маж ќе си ја бричеше главата кога ќе почне да ќелави, за да му порасне косата – вели козметичарот Џои Таверниз.

Дерматологот Мајкл Џејкобс потврдува дека ова е мит кој конечно треба да се разоткрие.

– Кога се бричите, практично ги скратувате влакната, не влијаете на самиот корен. А колку се темни и силни зависи исклучиво од генетиката – дерматологот Мајкл Џејкобс потврдува дека ова е мит кој конечно треба да се разбие.

Дека влакната по бричењето растат побрзо е делумно точно, кога ќе ги издепилирате со восок, го отстранувате цел корен, па потребно е повеќе време да израсне на површината.

Бричењето, пак, ги отстранува влакната само до површината на кожата, па потребно е помалку време за повторно да станат видливи на кожата.

Депилацијата ги изретчува влакната

Оваа изјава што веројатно сте ја слушнале многу пати може да биде вистинита!

– Со текот на времето, депилацијата го намалува волуменот на влакната, во споредба со бричењето, а и ефектите од депилацијата траат подолго – вели дерматологот Џејкобс, додека козметичарот не се согласува баш.

– Депилацијата може да го намали растот на влакната кај луѓето кои долго време ги вадат влакната на овој начин, но не е лек. Единствен начин трајно да се намали растот на влакната е со ласер – вели тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma