Огромен број од жените се во дилема – дали ако спијат со градник ќе имаат поцврсти гради, или ризикуваат да заболат од рак на градите. Сега, конечно беше спроведено истражување на оваа тема.
Дел од жените носат градник само заради тоа што не го сакаат оцртувањето на брадавиците, други пак го обожаваат чувството кога градите им се стегнати во него.
Можеби сте слушнале многу приказни дека ако не го соблечете градникот ќе добиете рак и дека градите ќе ви се опуштат. Но, вистината е следнава – не постои доказ кој укажува на негативни последици по здравјето.
„Нема доказ дека спиењето во градник влијае на женското здравје, ниту позитивно, ниту негативно,“ вели докторката Амбер Гат.
Од друга страна, не постојат ниту предности заради кои треба да спиете со градник. Градите нема да бидат ниту поцврсти, ниту подобро обликувани заради тоа.
Промените на градите најчесто се случуваат заради стареење, бременоста и доењето, не заради облеката или начинот на кој спиете.
Сепак, доколку сте жена која спие со градник, најдобро би било да одберете мек материјал и модел без жици или вметнати перничиња.