Видеото на кое Кети Пери на еден нејзин настап се обидува да отвори едниот капак од окото кој неконтролирано паѓа им послужи на корисниците на социјалните мрежи да креираат бројни теории и приказни за оваа непријатност со која се соочи пејачката.
Видеото е опишано како „последица на вакцините против коронавирусот“ и последица на лошо направен ботокс – непријатна ситуација кога едната веѓа „паѓа“ по интервенцијата.
Katy Perry: Eye of the Pfizer. pic.twitter.com/MpK1EnP674
— Kevin smith (@KJ00355197) October 24, 2022
„Ботоксот тргна наопаку“, „Еве доказ дека има последици од вакцинацијата“, „Дали на сцената доживеа мозочен удар“, беа само дел од несоодветните коментари кои осамнаа на социјалните мрежи.
Во април оваа година, како што пишува „Newsweek“, Кети Пери зборувала за нејзиниот проблем со очниот капак во музичкото натпреварување „Американски идол“.
Имено, на натпреварот се натпревалувало шеснаесетгодишно момче по име Кабал Кенеди кое изјавило дека се чувствува многу непријатно пред камерите бидејќи има „мрзливо око“. Пејачката го охрабрила дека нема потреба да се чувствува непријатно бидејќи и таа има проблем со десниот очен капак.
„И јас имам „мрзеливо око“ и бев ужасно загрижена на почетокот на мојата кариера. А потоа моите фанови направија група посветена на моето „несреќно око“. Групата се вика „Окото на Кети кое паѓа“. Тоа е моето десно око. Само уживајте на сцената и не грижете се за тоа“, изјавила Кејти на „Американски идол“.