Многумина го знаат онаа непријатно чувство кога ќе сфатат дека некој манипулира со нив. Со оглед на тоа дека емоционалното влијание може да биде моќна алатка, некои луѓе активно го користат, (не)свесни за последиците што ги предизвикува. Тоа е и причината поради која денес со вас ги споделуваме 8-те знаци кои ќе ви помогнат да препознаете дали сте фатени во замката на емоционален манипулатор.
- Ви ги нарушуваат верата и здравиот разум
Емоционалните манипулатори се неверојатно талентирани лажговци. Тие ќе ве уверат дека не направиле ништо, иако вие со сопствените очи сте ги виделе, или пак ќе тврдат дека кажале нешто, за кое вие сте сигурни дека не е така. Најлошото од сѐ е тоа што тие толку добро лажат што ќе започнете да се сомневате во вашата сопствена пресуда. За да ја решите расправијата, ќе си кажете дека проблемот е само во вашата глава, а тоа е нивниот омилен начин на победа.
- Нивните дела се контрадикторни на нивните зборови
Емоционалните манипулатори ќе го кажат она што личноста сака да го слушне, но нивните постапки се сосема друга приказна. Тие тврдат дека секогаш ќе бидат тука кога ќе ви затреба помош, но кога ќе дојде време за да се направи кажаното, глумат дека вашите барања се неразумни.
- Го злоупотребуваат вашето чувство на вина
Емоционалните манипулатори ќе го искористат вашето чувство за вина во нивна корист. Кога ќе им ги кажете вашите неволји, ќе почувствувате вина за тоа што го мачите со вашите проблеми, а ако не им ги кажете, повторно се грижите, бидејќи се борите со чувството дека премолчувате нешто важно. Манипулаторите ќе ве уверат дека сѐ што правите е погрешно и дека сите проблеми кои ги имате самите сте ги заслужиле.
- Се преправаат дека се жртви
Емоционалните манипулатори никогаш не се криви за ништо. Без разлика на тоа што тие прават лошо, секогаш некој друг им е крив, а тоа најверојатно сте вие. Ако сте лути или тажни, тоа се вашите нереални очекувања; ако е манипулаторот растажен, повторно вие сте криви за неговото однесување. Емоционалните манипулатори никогаш не ја преземаат одговорноста.
- Постојано ги забрзуваат работите
Без разлика дали станува збор за работна или за лична работа, манипулаторите секогаш брзаат некаде нанапред. Тие ги споделуваат важните вести пребрзо и истото го очекуваат и од вас. Тие делуваат ранливо и чувствително, но тоа е замка за вие покрај нив да се чувствувате посебно и да им станете блиски. Ќе почнете да се чувствувате лошо поради нив, а како резултат на тоа, ќе ја преземете одговорноста за нивната емоционална состојба.
- Бараат помош само за подоцна да глумат маченици
Нивната иницијална желба за помош, брзо ќе се претвори во кукање, приговарање околу работата, воздишки. Целта на ова е вие да започнете да се чувствувате како нешто им должите.
- Секогаш ќе се чувствуваат полошо од вас
Без разлика на тешкотиите кои ги споделувате со манипулаторите, тие секогаш ќе кажат дека ним им е уште полошо. Тие никогаш нема да заборават да ви споменат дека нивните проблеми се многу полоши од вашите, па затоа немате причина да се жалите за истите.
- Ги познаваат вашите слабости и ги користат против вас
Ако не ви се допаѓа вашата моментална тежина, тие секогаш ќе пронајдат забелешка за вашата исхрана или облека. Ако сте загрижени околу презентацијата на одреден проект, тие ќе се обидат да ве исплашат уште повеќе. Манипулаторите читаат сечии емоции доста лесно, но само тие ја користат оваа вештина за да ја контролираат личноста и да направат да се чувствува полошо.
Емоционалните манипулатори може да ве излудат со нивното ирационално однесување. Не обидувајте се да победите во нивната игра. Едноставно емоционално и физички оддалечете се и не дозволувајте никогаш повторно да паднете во нивната замка.