Доколку досега сте биле заслепени од убавината на партнерот од која сигурно и тој бил заслепен, време е да ги отворите очите. Дали вашиот партнер е нарцис?
Врската функционира одлично сè додека тој не ве направи да се почувствувате како помалку вредни од него и не почне да ги истакнува своите квалитети кои ги нема.
Освен тоа, овие неколку алармантни знаци ќе ви покажат дали навистина сте во врска со нарцис:
Не прифаќа „не“ за одговор
Тој знае сè, а вие немате право на свое мислење. Секогаш е во право и не прифаќа не за одговор. Повеќе од сигурно е дека се работи за нарцисоидна личност која мисли дека е најпаметна и најдобра.
Нема вистински пријатели
Девојките го сакаат бидејќи навистина е физички привлечен, а момците не го поднесуваат бидејќи секогаш укажува на нивните недостатоци. Поради тоа нема вистински пријатели што претставува последица на неговата нарцисоидна природа.
Постојано го поправа вашиот изглед
Секогаш тој изгледа одлично, а вие би изгледале добро ако го промените здолништето кое не одговара со вашата чанта, или пак доколку косата би ја испеглале наместо да ја носите во локни.
Тој не сфаќа дека со тоа постојано поправање на вашиот изглед ве потценува и всушност не ве остава да одлучувате сами за себе. Наредниот пат кога ќе го направи тоа, заминете да го промените здолништето и не се враќајте повеќе.
Не прифаќа совети
Бара совет од вас кој нема да го послуша. Неговото размислување е најважно, а неговите одлуки најправилни.
На крајот греши, но сепак продолжува по свое и не признава дека требало да ве послуша.
Постојано прави планови
…во кои не ве вклучува вас. Големите желби кои сака да ги оствари во иднина се секогаш раскажани без вас во приказната. Единствен лик е тој и само тој.
Доколку сте во врска со нарцис кој не ве гледа како дел од неговата иднина, зошто би ја продолжиле врската на која и го знаете крајот?
Не ви кажува дека ве сака!
Тој не е од оние момци кои изразуваат чувства и ви кажуваат што чувствуваат за вас. Навистина постојат срамежливи момци кои не сакаат да ги искажат емоциите преку зборови, но знаат како да ја искажат љубовта преку дела.
Доколку вашиот сакан нарцис не го прави ни тоа, тогаш голема е веројатноста дека се сака само самиот себеси и дека во неговото срце нема простор за вас.
Сексот за него е како натпревар
Во сексот е како ненаситно животно кое гледа да ја задоволи само неговата желба. Дали вие сте задоволни од исходот на крајот и не е толку важно.
Тој секој пат пробува да се надмине самиот себеси и постојано ве прашува дали бил добар, а вие секогаш потврдувате за да не ја нарушите неговата самодоверба која и онака ја нема.
Доколку препознавте барем три од овие алармантни знаци, вие сте во врска со нарцис.
На вас оставува дали ќе ја продолжите врската со несамоуверена личност која не знае да сака друга личност освен самиот себеси, или ќе го откачите и ќе најдете партнер кој ќе ве направи да се почувствувате како вистинска жена!