Ако не сакате да ја скратите косата, но сепак ви треба промена – пробајте го трендот на „невидлива фризура“.
Стилистите и фризерите велат дека овој тренд ќе биде еден од водечките во текот на целата година, а еве зошто привлече толку големо внимание кај припадничките на понежниот пол.
Имено, станува збор за фризура паж, каде косата постепено се проретчува со специјални ножици. Така, должината на косата останува иста, но изгледа многу поубаво бидејќи добила во волумен.
Поентата е дека ова проретчување се прави само на внатрешните слоеви на косата, поради што се нарекува „невидливо“.
Сепак, треба да се каже дека оваа фризура не се препорачува за оние кои имаат тенка коса склона кон кршење. Овој тренд најмногу им одговара на жените кои имаат густа и непослушна коса и чиј боб не паѓа покрај лицето, туку има тродимензионален облик кој создава ефект на волумен.
Секако, и обичната паж фризура и понатаму ќе биде во тренд, па нема да погрешите доколку се одлучите само за неа. Со ваква фризура секогаш имате доволно простор за различни варијации и оригиналност, па можете да ја виткате за да го постигнете саканиот волумен, а можете да ја носите и рамна.
Некои од варијациите се француски боб, со интересни кратки шишки или италијански, во кој косата е пократка додека се доближува до усните.