Едно од најчувствителните парчиња женска облека се хулахопките. Тие се многу корисни, но брзо се трошат. Покрај естетскиот ефект, нивната функција е и да не штитат од студот. Исто така, во зависност од моделот, хулахопките даваат сензуалност на секој стајлинг.
Тие се многу чувствителни и често се склони кон пукање, без разлика колку внимаваме и ги пазиме на денот кога ги носиме. Затоа, за да го продолжите животот на вашите омилени хулахопки, ви носиме едноставен трик.
Најпрво натопете ги во ладна вода и добро исцедете ги.
Потоа ставете ги во пластична кеса и ставете ги во фрижидер преку ноќ.
Извадете ги следниот ден, оставете ги малку на собна температура.
Доволно е само еднаш да ја примените оваа процедура, најмногу се препорачува веднаш по купувањето нови хулахопки, пренесува „aura.ba“.