
Доколку вака седите секој ден, мора веднаш да ја промените оваа лоша навика
Без разлика дали го правите тоа намерно или несвесно, седењето со скрстени нозе на долги стази може да биде опасно по вашето здравје.
Се разбира, ако го правите тоа накратко или не толку често, тогаш нема посебна штета.
Меѓутоа, ако спаѓате во големата група на луѓе кои го прават тоа секој ден, обидете се да ја промените оваа лоша навика по секоја цена.
- Болки во грбот и вратот
Една од најчестите причини за болки во ‘рбетот или вратот е неправилното седење. Најдобро би било да седите со двете стапала свртени нанапред и со цела должина на земјата. Сепак, голем дел од населението седи со оптоварување само на едната нога.
На долг рок, ова може да доведе до болки во грбот и вратот и оштетување на ‘рбетниот столб.
- Крвниот притисок се зголемува
Зошто се случува ова? Кога ги прекрстуваме нозете, колената ни се едно над друго, потоа крвта се испраќа од нозете до градите, а голема количина се испумпува од срцето – тогаш може да дојде до зголемен крвен притисок.

- Може да дојде до оштетување на нервите
Нарушениот проток на крв, кој се јавува кога ги прекрстуваме нозете, може да влијае и на вените и нервите на стапалата. Всушност, перонеалниот нерв – еден од главните нерви во ногата, кој започнува веднаш под коленото и се протега по надворешната страна на ногата – може да биде најмногу изложен на притисок.
Затоа, седењето со скрстени нозе може да предизвика вкочанетост, а долгорочно и можно оштетување на нервите. Тоа е, исто така, каузално поврзано со формирање на проширени капилари.
- Зголемен притисок врз крвните садови
Прекрстените нозе го нарушуваат нормалниот притисок, но и циркулацијата на крвта. Кога најчесто се нарушува нормалната циркулација на притисокот во овој дел од телото, тоа може да ги ослаби и оштети вените. Ако вените се ослабени или оштетени, тогаш крвта може да истече од нив.
Ова дополнително може да доведе до проширени вени.
Ако веќе сакате да седите со скрстени нозе, тогаш обидете се да седите со скрстени нозе само во глуждовите.