Уште откако бевме деца, родителите нѐ учеа да спиеме во пижами и дека не смееме да спиеме голи.
Но сепак, луксузот да спиете во кревет без облека на вас е бесценет! И не само затоа што е така попријатно, туку да спиете голи е дури и корисно.
10 причини за уште вечерва да не ги облекувате пижамите:
- Ќе имате подобар сон
Во сон, температурата на голата кожа паѓа и ги елиминира можностите за прегревање, па ќе можете да спиете подлабоко без да се будите често во ноќта од топло. Посебно во летните топли денови.
- Ќе се чувствувате посреќно и слободно
Дури и ако не сте навикнати да легнувате во кревет без облека, не можете да негирате дека тоа создава пријатно чувство – ништо не го попречува движењето во сон и имате целосна слобода.
- Ја подобрува кожата и косата
Поквалитетниот сон ќе му овозможи на телото активно да произведува хормон за растење на косата. А спиењето голи има корисен ефект врз лојните жлезди, бидејќи кожата не ви е презагреана и дишете слободно.
- Сексуалниот живот ќе ви стане поубав
Не е изненадување тоа што често, паровите кои спијат голи поспонтано започнуваат да водат љубов, отколку оние кои спијат наоблечени.
- Го забрзувате слабеењето и растот на мускулите
Хормонот за раст кој е задолжен за врзување на мускулната маса е вклучен и во процесот на слабеење. А, спиењето голи во ладна просторија го стимулира губењето калории.
- Ќе ви се намали стресот
Оптималната температура за спеиње голи ќе му помогне на телото да го намали нивото на кортизол – стрес хормон.
- Ќе ви ја подобри врската со партнерот
Контактот (кожа до кожа) кој ќе го остварите со партнерот го зголемува ослободувањето на окситоцин – хормон на љубовта. Ако двајцата спиете голи, ефектот е уште поголем.
- Ја зголемува позитивната енергија
Ако се чувствувате пријатно додека сте голи, и сонот ќе ви биде попријатен, а тоа ќе се одрази на секојдневниот живот и ќе бидете посамоуверени.
- Ја подобрува циркулацијата на крвта
Дури и најмеката и најудобната облека за спиење може да ја намали циркулацијата на крв во одредени делови на телото. Тоа може да предизвика проширени вени.
- Ќе заброавите на несоница
Некои доктори дури им препорачуваат на оние кои патат од несоница, да спијат без облека за да го решат овој проблем.