Дамките од супер лепак се ноќна мора! Еве како да се ослободите од нив

popara10 ноември, 20221min00
676

Супер лепилото е прекрасен производ кој ни помага да поправиме се по дома, но често овие мали поправки се претвораат во вистински кошмар бидејќи тешко се отстрануваат.

Не само што е исклучително цврст, туку и има моќ да создаде цврста врска помеѓу деловите што се обидуваме да ги споиме за само неколку секунди. Како ефикасно да го отстраните од работните површини, облеката и мебелот во домот?

Решението зависи од видот на површината на која ви капнало лепилото. Ако проблемот е на дрвени подови, најдобро решение е ацетон. Некои други области бараат употреба на алкохол, оцет, маслиново масло, па дури и најобична сапуница.

Кога станува збор за облеката, тогаш во тие ситуации најдобро е да нанесете алкохол на ткаенината и да се обидете да триете малку погрубо. Не ставајте ацетон на облеката бидејќи може да ја оштети.

За некои други површини, како кожен мебел, можете да пробате само со оцет. Иако на оцетот му треба малку повеќе време за да делува, на крајот ќе ја заврши работата.

И конечно, важно е да се нагласи дека само треба да бидете упорни, бидејќи понекогаш дамките исчезнуваат дури по неколку обиди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma