ДАРА БУБАМАРА ФРЛИЛА МИЛИОНИ НА ПЛАСТИКА: Потроши ЦЕЛО БОГАТСТВО, вистината излезе на виделина

1 октомври, 20220
Screenshot_7

Дека се подмладувала докажуваат и најновите фотографии од оваа фолкерка, па покрај операцијата на носот, може да се забележи дека вбризгувала ботокс во лицето и филери во јаготките. Овие „ситни“ естетски интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а мора да се повторуваат на секои шест месеци за лицето да изгледа негувано.

 

 

 

Пејачката Дара Бубамара никогаш не криела дека откако се појави на српската јавна сцена, направила естетски операции. Освен што неуморно користеше фотошоп на социјалните мрежи, Дара го затегна лицето, го среди носот и секако направи силикони.

 

Откриена е наводната листа на пластични операции кои пејачката ги имала досега, но и „ценовникот“! Дара пред нешто повеќе од десет години за прв пат стави силикони во градите, а како што кажа и самата неколку пати ги менуваше. Сега таа е горда сопственичка на „Седмица“, а тие интервенции ја чинеа фолкерката околу 15.000 евра!

 

„Често ги менувам силиконите, пред се затоа што морам. Слушам дека некои колешки ме озборуваат, но можат само да ми плукаат под прозорецот. Ги следам светските трендови, има многу повеќе лажен морал”, изјавила Дара за локални медиуми.

 

Пејачката за нова насмевка платила 18.000 евра. Се пишуваше дека Дара ги направила новите заби во Цирих, а ја избрала клиниката во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.

 

По сопствено признание, Бубамара неколку пати правела и зголемување на усните и тоа го правела додека била во врска со нејзиниот 20 години помлад дечко Тони. Цената кубик филер за усни е околу 150 евра, па се претпоставува дека Дара низ годините дала околу 2.500 евра.

 

Дека се подмладувала докажуваат и најновите фотографии од оваа фолкерката, па покрај операцијата на носот, може да се забележи дека вбризгувала ботокс во лицето и филери во јаготките. Овие „ситни“ естетски интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а мора да се повторуваат на секои шест месеци за лицето да изгледа негувано.

 

Според медиумите, Дара наводно си го намалила носот во Турција, а тоа барање чини меѓу 4.000 и 7.000 евра.

 

Дара Бубамара е позната по тоа што често ја менува фризурата. Таа е една од првите пејачки на овие простори која долго време носеше кратка коса во разни бои. Пејачката во последно време носи руса долга надоградена коса, а висококвалитетните природни надградби чинат 5 евра по прамен, што значи дека Дара може да потрошила над 1000 евра за надградба!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *