ДА ВИ ТРАЕ ПОДОЛГО! Оваа козметика треба да ја чувате во фрижидер

popara27 август, 20221min00
239315_xx25052_f

На многумина ќе им изгледа чудно да чувате парфеми, креми, маски за лице и гелови во фрижидерот на полицата до јајцата, тубата кечап или сенфот, но тоа е најдоброто нешто што можете да го направите и да не се грижите дали вашата козметика ќе трае подолго.

– На овој начин го продолжувате рокот на траење на препаратите, а од друга страна тие секогаш ќе бидат ладни и уште повеќе ќе ве освежат за време на жештините – велат експертите.

Еве која козметика треба да ја чувате во фрижидер.

Органските препарати за нега на кожата и производите со витамин Ц. Витаминските и природните производи содржат помалку конзерванси, па затоа е подобро да ги чувате на студено бидејќи ќе ги задржат своите активни својства подолго.

Долготрајни ајлајнери и моливи, бидејќи имаат повеќе испарливи состојки кои можат побрзо да исчезнат на жештината, па затоа е подобро да им го продолжите животот на овој начин.

Масла за лице, бидејќи есенцијалните масла што ги содржат може да го изгубат квалитетот со текот на времето доколку се чуваат на погрешен начин. Ако маслото е во фрижидер, долго ќе ја задржи свежината.

Спреј за стапала, бидејќи многу подобро делува кога разладен ќе го испрскате на уморните нозе.

Креми за очи, гелови и маски, бидејќи ефикасно и брзо го намалуваат отокот на лицето и очните капаци, што е главен естетски проблем денес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma