Поранешниот американски претседателски пар и понатаму привлекува големо внимание во јавноста, а иако денес е модна икона, Меланија порано претпочитала малку поекстравагантен стил.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија на 22 јануари ја прославија седумнаесеттата годишнина од бракот, а на свадбата во 2005 година потрошиле над милион долари!
Бракот со Меланија за Доналд е трет по ред, по неуспешните со Ивана и Марла Мејплс.
Словенечката манекенка Меланија Кнаус тогаш не сакала да ја изпочитува желбата на Доналд, телевизиите ширум светот да ја емитуваат нивната венчавка, па се откажал од таа намера. Ја запросил со дванаесеткаратен смарагден прстен, а пред олтарот застанале во Палм Бич, Флорида.
Меланија истакна дека сама ја организирала целата церемонија. Таа носела венчаница Диор од дури 91 метар свила, тешка 25 килограми. Ја чинела речиси 150 илјади долари, а заврши и на насловната страница на Вог! Иако Меланија денес е икона на стилот и претпочита дискретна, елегантна гардероба, тогаш имала малку поекстравагантен стил:
Интересно е што Меланија немала класичен букет, туку семејно наследство во вид на бели рози.
Свадбената торта била многу екстравагантна, од дури 7 ката и висока метар и половина!