Таа во една емисија откри дека се плашела бидејќи медиумското внимание ќе биде насочено кон нивната врска, но истакна дека сега се позрели и дека потрезно размислуваат за сите ситуации во кои се наоѓаат.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез и холивудскиот актер Бен Афлек беа во врска во раните 2000-ти, од 2002 до 2004 година. Потоа се верија и се подготвуваа за венчавката, а потоа само објавија дека се разделуваат.
После тоа продолжија со своите животи, се венчаа, добија деца, а сега после 17 години повторно започнаа романса и уживаат во љубовта.
Во шоуто на Елен Деџенерс, пејачката реши да проговори за нивното помирување.
– Мислам дека никој не беше поизненаден од нас двајцата. Никогаш не помислив дека може да се случи такво нешто, прекрасно – рече таа и призна дека повторно е заљубена во Бен.
Сепак, она што таа го откри е дека се плашела на почетокот на врската бидејќи претпоставувала дека целото медиумско внимание ќе биде насочено кон нив.
„Двајцата сфативме дека сме среќни заедно и дека не сакаме да дозволиме нешто такво повторно да ни ја уништи врската“, додала Џенифер.
-Денес сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство и сме во поинакви фази од животот отколку што бевме тогаш. Имаме деца и нашите вредности се сменија. Го сакам фактот што се изгледа сосема поинаку отколку кога бевме заедно за прв пат. Повеќе се цениме, навистина ни е убаво заедно – заврши Лопез во емисијата.