Мај им носи голем успех на овие знаци и покрај некои од турбуленциите предизвикани од распоредот на планетите
Според астролозите, два знака од Зодијакот очекуваат пари и богатство до крајот на мај.
Велат дека навистина имаат среќа, бидејќи во овој период многу знаци ќе имаат турбуленции и проблеми поради негативниот аспект на Плутон и ретроградниот Меркур, па ни финансиите нема да им бидат многу стабилни.
Еве кој ќе има среќа овој мај кога се парите во прашање.
Скорпија
Скорпиите се главните финансиски среќници овој мај. Можат да трошат пари на себе, своето семејство, забава, хоби… Периодот на затемнување никако нема да влијае на нивниот паричник.
Што се однесува до ретроградниот Плутон, тој е генерално поволен за Скорпиите. Ќе започне времето на зголемена самодоверба и процут на внатрешните сили.
Ќе можете да го ублажите влијанието на ретроградните планети. Во мај ќе може да се оди на долги, службени патувања.
Оние Скорпии кои ќе започнат нов бизнис ќе имаат голема среќа. Што се однесува до финансиите, ги очекува голема заработка.
Стрелец
Овој период им носи голема среќа и на Стрелците. Неповолните промени во однесувањето на планетите ќе имаат најмало влијание врз нив. Ова особено важи за Меркур, кој ќе започне ретроградно да се движи на 10-ти мај.
Ретроградниот Плутон, кој го започна своето движење наназад на 29-ти април, исто така нема да може да го принуди Стрелецот да се откаже од своите амбиции.
Тие ќе останат посветени на се што сакаат да постигнат. Треба да продолжат да ги прават работите во кои најмногу уживаат.
Стрелците може да добијат пари и во игрите на среќа овој месец.