Џени Гарт ја глумеше згодната русокоса Кели Тејлор во култната серија „Беверли Хилс 90210“ во која сите беа вљубени, а еве каде е таа денес.
Серијата „Беверли Хилс, 90210“ е култна тинејџерска серија која со голем успех се прикажуваше во 90-тите години на минатиот век.
Џени Гарт ја глумеше фаталната Кели во популарната серија. Таа брзо стана пример за многу тинејџерки ширум светот. По серијата, таа доби улоги во помалку познати проекти.
Џени во серијата ја глумеше фаталната русокоса Кели Тејлор во која речиси сите беа вљубени. Таа ги скрши срцата на главните машки ликови Брендон и Дилан. Првиот во серијата го глумеше братот близнак, а вториот момчето на нејзината најдобра пријателка Бренда, која ја играше Шенон Доерти.
Таа неодамна наполни 50 години. Се мажеше три пати и има три ќерки.
Првиот сопруг на Џени беше музичарот Даниел Б. Кларк. Тие се венчаа во 1994 година и се разведоа две години подоцна. Својот втор сопруг, актерот Питер Фачинели, го запозна во 1995 година. Двојката се венча на 20-ти јануари 2001 година и имаат три ќерки. Фачинели поднесе барање за развод во март 2012 година, а во април 2013 година бракот заврши.
Таа почна да се забавува со актерот Дејвид Абрамс Гарт есента 2014 година, а се венчаа во јули 2015 година. Три години подоцна, парот поднесе барање за развод, но во 2019 година се смирија и ги повлекоа документите за развод по 10 месеци разделба. Актерката потоа откри како разделбата им го спасила бракот бидејќи виделе колку не можат еден без друг.
Заносната Кели некое време ги криеше и здравствените проблеми поради кои се здебели неколку килограми. Имено, актерката боледува од остеоартритис. Остеоартритисот, понекогаш наречен дегенеративен артритис, е заболување на зглобовите што се карактеризира со уништување на зглобната ‘рскавица. Во 2012 година, актерката исто така призна дека се бори со анксиозност.