Новопечената г-ѓа Афлек, пејачката Џеј Ло, реши да ја подигне температурата на социјалните мрежи објавувајќи серија фотографии во долна облека
Џенифер никогаш не изгледала подобро, објавувајќи провокативни фотографии во корсет од тантела кои го истакнале нејзиното деколте.
Обожавателите се воодушевени, а веруваме дека оваа сцена била вистински рај за мажите.
„Кралица“, „Гориш жено“, „Совршена си“, „Изгледаш толку свежо и младо“, „Најубавата жена што сум ја видел во животот“, се само дел од коментарите.
Деновиве во медиумите се појави информација дека Џенифер е во брачна криза со сопругот Бен Афлек, но парот не се огласи на оваа тема.
На вакво мислење ги поттикнаа фотографиите на кои пејачката не носи бурма.