Деми Мур воодушевена што наскоро ќе стане баба: „Влегувам во нова ера“

popara29 декември, 20221min00
demi-moore-rumer-willis-830x0

Познатата актерка е мајка на три ќерки, а најстарата наскоро ќе ѝ даде внук.

Деми Мур отсекогаш била синоним за младост и совршена линија и покрај годините, а и на 60 години може да се пофали дека е во топ форма.

Дополнителен поттик ѝ дадоа вестите од нивното потесно семејство. Најстарата ќерка Румер (34) моментално е бремена, па Деми и нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис, со кој делат три ќерки, наскоро ќе станат баба и дедо.

Деми не ја криеше среќата и ентузијазмот за тоа што ќе стане баба, а како што вели веднаш ја обзела еуфоријата.

– Влегувам во мојата ера на луда, непоколеблива и жешка баба – напиша Деми на социјалните мрежи.

– Толку сум среќна за тебе – ѝ напиша Деми, видно возбудена, на својата ќерка.

Деми, која некогаш беше симбол на убавината и привлечноста во Холивуд, сè уште зрачи со убавина и совршена фигура и се чини дека годините се само бројка за оваа идна баба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma