ДЕПИЛИРАЈТЕ СЕ КАКО КЛЕОПАТРА! Слатката паста која ги отстранува и најмалите влакна!

popara20 јуни, 20221min00
432773_noge_f

Египетската депилација е една од најстарите методи за отстранување на несаканите влакна, велат дека ја практикувала и Келопатра, по која го добила името…

Египетската депилација е погодна за луѓе со чувствителна кожа бидејќи не предизвикува црвенило и иритација, се препорачува и за депилација на чувствителна кожа на лицето и препоните, како и за лица со проширени вени, псоријаза или егзема, секако по консултација со дерматолог. Доколку имате искуство со враснати влакна, ќе ве задоволи фактот дека оваа депилација целосно го решава овој проблем. Шеќерната паста отстранува и многу мали влакна (три милиметри), што е уште една голема предност, а резултатите обично траат 4-6 недели.

Ленти наместо топчиња

Ако при првиот обид не успеете да добиете паста од која ќе можете да направите топка, исечете памучни ленти, нанесете ја пастата со дрвено стапче на површината, покријте ја со лентите и брзо и силно повлечете ја во правецот на растот на влакната.

Како да направите паста?

Состојки:

2 чаши шеќер

четвртина чаша вода

четвртина чаша сок од лимон

лажичка мед

Подготовка:

Растопете го шеќерот на тивок оган. Додека смесата е уште густа, додадете ги лимонот и водата. Гответе на најниска температура додека не добиете црвено-златна боја (приближно 5-10 минути). Мешајте додека не исчезне пената и истурете во стаклен или керамички сад.

Како да се користи?

Оставете ја смесата да се излади, но не премногу. Земете шеќерна паста со големина на мал орев и со рацете обликувајте ја во топка. Потоа истегнете ја пастата со прстите додека не добие форма на гума за џвакање. Нанесете со рака на саканото место во насока спротивна на природниот раст на влакната. Отстранувајте ја пастата малку по малку со енергични движења во насока на растот на влакната. Истата паста преобликувајте ја во топка и нанесете ја на новата област.

Ако пастата е премногу тврда, изгмечете ја со прстите или ставете го садот во топла вода неколку минути, а ако е премногу мека, изладете ја. За идеални резултати, кожата мора да биде чиста и сува, а претходно не смеат да се користат лосиони или креми за тело. Користете ги по депилацијата.