Деп повеќе нема да глуми во „Пиратите од Карибите“: Никогаш не го гледал филмот, откри како го создал ликот на Џек Спероу

popara23 април, 20221min00
Tan2017-5-22_8311361_5-830x0

Џони Деп се суди со поранешната сопруга Амбер Херд, а на сослушувањето се осврна и на франшизата „Пиратите од Карибите“ во кој ја толкуваше главната улога, ликот на капетанот Џек Спароу.

Актерот призна дека никогаш во животот не ја гледал оваа филмска франшиза.

– Не го гледав, но верувам дека филмот помина добро и продуцентите сакаа продолженија и јас бев подготвен да продолжам со снимање… Кога го знаете карактерот подобро од писателите, тогаш треба да бидете вистинскиот лик и да додадете свои зборови. Целосно верував во ликот, рекол Деп на судењето, пренесува „Дејли мејл“.

Погледнете го видеото:

Исто така, Џони ја отфрли можноста повторно да глуми во „Пиратите од Карибите“.

За време на вкрстено испрашување, адвокатот на Херд, Бен Ротенборн, се повика на изјавата на актерот кога спомна дека повеќе не сака да работи во „Пиратите 6“, дури и ако повторно му биде понудено.

– Факт е, господине Деп, ако Дизни дојде кај вас со 300 милиони долари и милион алпаки, нема ништо на овој свет да ве натера да се вратите и да работите со нив на филмот „Пиратите од Карибите“? Дали е така? – праша Ротенборн.

„Точно, господине Ротенборн“, рече Џони Деп.

Дури и откако Дизни го отстрани Деп од франшизата, неговиот лик сè уште беше прикажуван во забавните паркови низ светот.

– Не ми го отстранија карактерот. Тие не престанаа да ги продаваат куклите на капетанот Џек Спароу. Не престанале да продаваат ништо – рекол Деп.

За време на судењето, Џони Деп опиша како го создал ликот на Џек Спероу.

– Дизни ми понуди филм наречен „Хидалго“, кој зборува за човек, коњ, пустина. Го прочитав сценариото и мислев дека не е за мене. Но, сакав да имам средба со луѓето од Дизни бидејќи во тоа време имав 3-годишна ќерка и 3 години само гледав цртани, од Текс Ејвери до Душко Долгоушко. Тоа е се што гледав со моето девојче. Го добив сценариото за „Пиратите“ и некако во мојот ум видов шанса да „измешам“ ликови од цртаните филмови – рече актерот и продолжи:

– На пример, камен паѓа врз главата на Пери Којотот и тој е целосно скршен, но во следната сцена има само мал завој на главата. И тогаш почнав да размислувам за параметрите на цртаните ликови кои ми беа достапни. Никој досега не поставил прашање, дали се работи за лице на возраст од 5 или 95 години. Сите велат: „Се разбира, Којотот е сè уште жив“. Се обидов да ги вградам тие идеи во ликот на Џек Спароу… Ликовите од цртаните филмови можат да излезат од ситуација кога ние (луѓето) не можеме. Капетанот Џек Спароу можеше да прави работи што јас никогаш не можев да ги направам. Можеше да каже работи што јас не можев да ги кажам. Сакав да направам лик што би можел да го прифатат луѓе на возраст од 5, 35, 65 или 85 години. Како ликот на Душко Долгоушко … Ликот на капетанот Џек Спароу беше како тип што ќе мафта без маица и ќе биде херој. Имав различни идеи за ликот, па ги вградив моите идеи во ликот и го оживеав тој лик – изјави Џони Деп.

Погледнете го видеото:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma