Додека вежбаме, нашата внатрешна температура се зголемува, а порите се отвораат за да се излади телото. Потта сама по себе не предизвикува акни, а студија од 2008 година покажа дека нема значајна разлика во состојбата на кожата меѓу оние кои не вежбале и оние кои се туширале еден час по тренингот.
Проблемот со шминката е што различни производи на вашето лице можат да навлезат во вашите отворени пори. Меѓутоа, со употреба на соодветни производи за нега, тоа исто така може да се спречи.
Дерматологот Хиба Инџибар вели дека ако шминката влезе во порите, може да ги затне, што исто така може да доведе до појава на акни и нерамна текстура на кожата.
Иако производите против потење можеби звучат како добро решение, реалноста е дека повеќето од нив се дизајнирани да ја задржат шминката на место, но не и да ја заштитат вашата кожа.
Д-р Инбар советува да се избегнуваат подлогите на база на масло, бидејќи тие можат да предизвикаат проблеми како што се затнати пори. Во денешно време, постојат некои брендови кои дури и ги прилагодуваат своите производи за активни жени направени од лесни или дишечки материјали за да спречат затнување.
Експертите исто така истакнуваат дека кремите со SPF фактор не ги затнуваат порите на ист начин како шминката, па затоа се неопходни за секој облик на активност на отворено, пишува „Klix.ba“.
Како да ја заштитите кожата за време на вежбање
Реакцијата на кожата на шминкање за време на вежбањето зависи од поединецот бидејќи некои луѓе се потат повеќе од другите.
Без разлика на се, дерматолозите советуваат да го миете лицето секоја вечер, а доколку се потите многу, можете да користите и средство за чистење со хемиски пилинг АХА. Тие ќе ви помогнат длабоко да ги исчистите порите, па сè што претходно било „заробено“ лесно ќе се измие.
Без разлика дали се шминкате или не, обидете се да не го допирате лицето за време на тренингот за да го ограничите контактот на микробите со отворените пори.
Носењето шминка за време на тренингот само по себе не би требало да прави проблеми, а магазинот „Стилист“ тврди дека доколку забележите акни по неколку поинтензивни сесии, за тоа може да биде виновна негата на вашата кожа, а не самата шминка.